Без електрична енергија утре од 8.15 до 14.30 часот ќе останат објектот на „Хавеп“, корисниците од улиците „513“ и „517“ по ресторанот „Бисер“ и „521“, како и објектите на млин „Кадино“, „Кадино Индустри Груп“ и корисниците лоцирани во нивната околина во општина Илинден.
Во периодот од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Добри Дол, улицата кон гробиштата и стариот пат за село Долно Соње во општина Сопиште.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци, општина Студеничани.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, овие прекини се поради реализација на инвестициски зафати за подобрување на квалитетот во снабдување со електрична енергија на корисниците во реоните.













![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















