Непоразениот американски боксер, Флојд Мејведер објави враќање во рингот.
Мејведер ќе се бори во Јапонија на 31-ви декември против кик-боксерот Теншин Насукава. Се уште не се знае под какви правила ќе се одржи борбата помеѓу Мејведер и Насукава кој не изгубил ниту еден од своите 28 мечеви.
Ова ќе биде второ враќање за 41-годишниот боксер од пензија. Флојд се врати минатата година во рингот, нокаутирајќи го УФЦ борецот Конор Мекгрегор за својата 50-та победа во кариерата.
Јапонската боречка организација Ризин објави дека борбата ќе се одржи според посебни правила.
“Организацијата прави одлична работа. Ова во Саитама е мојот почеток со нив, но верувам дека тоа нема да биде крајот”, изјавил Мејведер.
Во последните неколку дена најмногу се зборуваше за потенцијалната борба помеѓу него и Кабиб Нурмагомедов, рускиот борец кој во октогонот на УФЦ го победи Мекгрегор.













![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















