Дел од корисниците од улицата „Скупи“, подулица „3“ и подулица „6“ во општина Карпош утре од 9:30 до 13:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 8:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат и корисниците на Млин Кадино, Хавеп, улиците „513“ и „517“ после Бисер, дел од Кадино, улицата „521“ и Живинарска фарма во општина Илинден, а од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во општина Студеничани.
Во периодот од 10:00 до 14:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците од село Глуво, а од 9:00 до 14:00 часот корисниците од викендиците во село Кучково.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















