Дарко Тасев за смртта на Влатко Илиевски: Знаевме за проблемите во кои западна, но мислевме дека е само лоша епизода!

2949

Повеќе сум лут, отколку тажен. Пред една недела ми прати песни од Белград. Се подготвувавме за снимање, вели за „Женски Магазин“ познатиот музичар и еден од најблиските соработници на починатиот пејач

Познатиот автор и музичар Дарко Тасев и неговата сопруга, новинарка и активистка во здружението „Борка“, Марија Тасев, се шокирани од смртта на Влатко Илиевски. Пејачот на „Морал“’ беше нивен семеен пријател. Дарко е автор на аранжманот на првата песна на Илиевски, „Уште си ми ти“, заедно настапуваа, потпиша многу негови хитовски рефрени, а токму тој беше активно вклучен и во создавањето на новиот материјал со кој Влатче требаше да се врати на сцената на голема врата.

-Шокирани сме. Повеќе сум лут, отколку тажен. Пред една недела ми прати слики и песни од Белград. Линкови од Били Ајдол и од „Бон Џови“. Имаше сериозни планови врзани за музиката. Сакаше да се врати со препознатливиот урбан звук, беше уморен со песните да и се додворува на публиката. Последен пат го видов завчера случајно на улица. Изгледаше нормално. Влатче ни беше втор син, го чекавме денес на палачинки – ни раскажа Дарко.

Тој нагласува дека бил професионалец во работата, човек со неверојатна харизма, омилен лик од естрадата на неговиот син Тео.

-Играа видеоигри, со син ми беа неверојатен тандем – дополнува тој.

За немилиот настан утрово со неверување дознала и сопругата на Дарко, Марија. Биле договорени токму денес да им помине на гости.

-Го чекавме да заѕвони, јас веќе како по традиција се подготвувавпалачинки да вртам. Се слyшнавме пред два дена, ќе остане тајна за што зборувавме. Тео го чека неговиот постар откачен брат. Бони, нашето куче, цел ден чека пред врата и тој плаче како да знае.. Пиевме пиво за ручек и кроемве планови кога да одиме на ќебапи во Вршац. Неговите најголеми љубови ги носеше кај нас дома, сакаше да биде сигурен дека ја бендисал вистинската. Душа од човек, убавец наш. Знаевме за проблемите во кој западна, но бевме убедени дека е тоа само една лоша епизода- ни изјави Марија.