Дани: Ако ја лажеш публиката, ќе те искине!

366

Дани Димитровска, која кон крајот на минатата година го промовираше албумот “Град за љубов”, е една од најактивните домашни пејачки на социјалните мрежи и секојдневно споделува интересни фотографии проследени со уникатни пораки. Последна во низата е онаа на која позира покрај еден графит на кој пишува “Скопје радост ти ќе бидеш”, а заедно со фотката ги објавила и стиховите од темата “Нема две”, која се наоѓа на нејзиниот последен албум, “Град за љубов”, кој го промовираше кон крајот на минатата година.

Инаку, пејачката во едно интервју за “Вечер” откри дека никогаш не би отстапила од своето “јас”, само за да и се додвори на публиката, односно да и се допадне, затоа што смета дека највредна е вистината и секогаш се води според неа.

“Не се трудам да задржам внимание, не ми е цел медиумски да сум присутна по секоја цена. Секако важна ми е публиката, ја ценам и и се поклонувам, но исто толку вредна ми е и вистината. Постојам преку музиката, не нудам, не притискам, не замарам, не барам! Таа сум, ако ја лажеш публиката, ќе те искине. Така е и во животот во секој однос, јас не си играм со тоа”, рече пејачката.