Огромен пад на цените на горивата во Македонија: Ова се новите цени од полноќ

1148

Од вечерва на полноќ цените на горивата ќе имаат големо намалување, особено дизелот кој поевтинува за четири денари согласно новиот тарифник на Регулатoрната комисија за енергетика.

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 7,76 %, во однос на цените кои важеа минатата недела.

Од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 49,50 денари, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари за литар и ќе изнесува 52 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 42,50 денари што е намалување за 4 денари во споредба со досегашната цена.

Екстралесното масло ќе се продава по цена од 30,50 денари за литар, а мазутот по 16,945 денари.

Од регулаторната комисија информираат дека клучни фактори што влијаат на крајната цена се референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот.