Каролина пред концертите во Битола и Охрид кои се закажани за 10 и 11 август заслужено се одмора и рекреира на грчкиот остров Миконос каде задолжително летува во последните неколку години.

Дека ужива и престојот таму и годи доказ се фотките кои ги објавува на Инстаграм, а овојпат на патувањето наместо сопругот Михаил, друштво и прават неколку пријателки.
Инаку, Гочева во моментов е актуелна со материјалот “Извор”, кој го објави во март оваа година, а истиот е продолжение на проектите “Македонско девојче 1 и 2”, кои поминаа одлично кај публиката. Комплетен автор на сите теми е Николче Мицевски, кој е дел и од нејзиниот бенд, а некаде кон крајот на септември пејачката ќе сними и видео за некој од рефрените кои се наоѓаат на материјалот.















![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)






















