Д-р Пановски: „Не ги разбирам мерките. Вчера го прашав министерот зошто не носи маска, ми вели „зошто зборувал“

203

Д-р Никола Пановски во емисијата „Што не е јасно“ говореше за актуелната состојба со коронавирусот во Македонија.

„Јас сум целосно разочаран и збунет и немам никакво објаснување. Гледам дека граѓаните бараат да се прскаат улиците по сто пати, а нема виролог кој ќе каже дека овој вирус се шири со уличната прашина.

Нема шанси вирусот така да се шири. Меѓутоа тоа влијае и кај народот. Народот сака да биде лажен, не знам веќе што сака“, посочи д-р Пановски.

Мерката носење маски на отворено нема да има никаков ефект и да се почитува. Мерката може граѓаните да ги натера да се собираат внатре што ќе доведе до повеќе зараза меѓу нив, очигледно е дека ќе има контра-ефект.

„Јас како стручно лице не ја разбирам. Не знам како да ја почитувам. Според меркава иако сум сам во канцеларија јас морам да носам маска. Вчера го прашав министерот зошто не носи маска, тој ми одговори „дека зборувал“. Јас не наидов во новите мерки дека доколку некој зборува не треба да носи маска“, нагласува Пановски.