Според фотографијата која кружи на интернет, може да се види дека пратениците не ги почитуваат пропишаните здравствени мерки и протоколите за социјално дистанцирање – во мала просторија има повеќе од дваесет пратеници.
Неверојатно е тоа што мерките не ги почитуваат токму лицата кои ги донесуваат истите, со оглед на тоа дека во Собранието има доволно простор да дискутираат почитувајќи ги протоколите, и да оценуваат што треба да се направи за време на пандемија, пренесува Пулсинфо.

Прекршувањето на здравствените протоколи, и тоа во законодавниот дом, во ситуација кога во земјава секојдневно имаме над 1.000 новозаразени од коронавирусот и голем број смртни случаи – наиде на сериозни критики од граѓаните на социјалните мрежи.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















