Српскиот фудбалер беше познат по неговиот бурен живот и забавите кои ги организирал, а на истите се собирале многу познати имиња од светската сцена.
Кога потпиша за Кристал Палас, веднаш во Лондон купи голема куќа во која организирал забави за кои зборувала цела Англија.
„Секоја втора манекенка беше со мене. Никогаш не сум платил за се*с, попрво би се убил отколку тоа да го направам. Никогаш не сум бил со проститутка или со старлета. Пластика не може да биде во мое друштво, јас сакам природни девојки“, вели Чурчиќ.
Чурчиќ открива дека се запознал со познатата манекенка Наоми Кембел, со која многупати имал секс.
„Таа беше навивач на Кристал Палас. Дојде на меч и се запознавме. По една недела направив забав и ја повикав. Набрзо почнавме да излегуваме, но не сакаше да имаме секс на првиот состанок. Излеговме 20 пати, по што се согласи да спие со мене. Имавме околу 30 пати се*с, таа беше врв во креветот“, открива поранешниот фудбалер.
Сепак, врската не им траела долго затоа што Чурчиќ вели дека му пречела нејзината нехигиена.
„Ми се гади од такви работи. Кога ќе ги видам женските влакна по стан, а Наоми ги оставаше насекаде. Таа почна да прави и скандали по ноќните клубови и решив да ја прекинам врската“, објаснува Србинот.
Чурчиќ, наводно, спиел со уште неколку познати манекенки меѓу кои и Кармен Електра.
„Бев и со Ева Херцигова, но со Електра имав најдобар се*с. Со неа имав забави до седум наутро. Таа беше луда“, открива тој.