Црногорците ако пронајдат нафта, ќе ја продаваат

91

Ако се пронајде сурова нафта во подморјето на Црна Гора, земјата може да стане значаен извозник на овој дериват, рече директорот на „Хеленик петролеум“, Роберто Караханас.

„Црна Гора нема рафинерија, па ако се пронајде сурова нафта, таа нема да се користи за потребите на државата, туку за извоз”, изјави Караханас за РТЦГ.

Според него, изградбата на рафинерија нема да биде исплатлив бизнис, бидејќи веќе десетици се затвораат низ цела Европа.

„Пронаоѓањето нафта сигурно ќе има големо влијание и на државата ќе ѝ донесе приходи од продажбата на сурова нафта”, рече Караханас.

loading...