Играч на Севиља со хорор старт покоси талентирано момче на Ливерпул, Милнер збесна: Ова е вистински срам

153

Севиља и Ливерпул ова утро одиграа пријателски меч во Бостон, но истиот во ниту еден случај не можеше да се окарактеризира како пријателски, бидејќи двата тима играа како да стануваше збор за реприза на финалето во Лига Европа од пред неколку години.

Шпанскиот тим на крајот победи со 2:1, но натпреварот беше одбележан од еден катастрофален старт кој го изрежира еден од играчите на Севиља. Јорис Гангнон доби експресно исклучување од главниот судија откако со сета сила и непријателски го шутна Јасер Ларуси, ситуација кога пристигна откако играчите на Ливерпул не ја исфрлија топката додека еден друг играч на Севиља лежеше на земја.

Ларуси го напушти стадионот на патерици, а ако Јирген Клоп беше резервиран за ваквите случувања, крајно критички настроен беше капитенот Џејмс Милнер.

– Имаше некои срамни стартови, знаеме дека станува збор за пријателски меч, а на пријателски меч многу ретко има црвени картони. Добро е да саката погруба игра, но никако не смеете да покосите младо момче во пресезона. Тоа што се случи е вистински срам, – порача Милнер.