Еден од поквалитетните тенисери од новата генерација и еден од најдобрите на светот во овој момент, Стефанос Циципас смета дека во овој момент не може повеќе да се говори за големата тројка како што е познато ја сочинуваат Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Тројцата низ своите кариери имаат голем број на успеси, титули, рекорди, меѓутоа во моментов само Ноле е активен на терените и последниот топ резултат го забележа во Париз каде стигна до 37 Мастерс титула. Федерер и Надал имаа проблеми и веќе одредено време се повредени, па затоа според Циципас сега има само еден голем тенисер и тоа е српскииот ас.
-Од сегашната „голема тројка“ моментално има само еден голем играч: Новак Ѓоковиќ. Тој се уште е најдобар во светот. Зад него се играчи како Медведев, Зверев и јас. Можеме да станеме следната „голема тројка“. Цврсто верувам дека ние тројца сме најдобри после Ноле, -порача Гркот за „Билд“.
Стефанос во моментов е на 4 место на АТП листата.