Пејачот на Продиџи, Кит Флинт, извршил самоубиство, објавила групата на својата официјална страница на Инстаграм.
“Веста е вистинита, не можам да поверувам дека го зборувам ова, но нашиот брат Кит си го одзеде животот во текот на викендот. Шокиран сум, е*ено лут, збунет и со скршено срце… почивај во мир”, стои во пораката на Инстаграм напишана од страна на Лијам Хаулет, член на бендот.
Фронтменот на Продиџи си го одзел животот во 49-тата година од животот. Пејачот на британската група бил пронајден мртов во својот дом во Есекс. Од Итната помош велат дека го пронашле без свест и можеле само да констатираат смрт.
Продиџи е една од ретките групи која успеа да стекне светска популарност иако започнала од британската андерграунд рејв сцена кон почетокот на 90-тите години на минатиот век. Флинт стана икона на британската музичка сцена, благодарение на енергичните настапи и впечатливиот изглед со специфична фризура и мноштво тетоважи и пирсеви.
Фронтменот е роден на 17-ти септември 1969 година во источниот дел на Лондон, а како дете се преселил во Есекс. Бил во врска со ТВ водителката Гејл Портер во 90-тите години, а подоцна се оженил со Јапонката Мајуми Каи.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











