10 цитати на моќниот Конфучиј: Ако ве озборуваат зад грб, тоа значи дека сте пред нив

523

Конфучиј е роден 551 година пред новата ера. Ги подучувал луѓето на правда, искреност и добрина.

Ова се десетте моќни животни лекции засновани на филозофијата на почитуваниот кинески мислител. Тие се посебни по тоа што може да се применат и ден-денес.

1. Не е важно колку бавно одиш, сè додека не застануваш.

2. Никогаш не склопувај пријателство со човек кој не е подобар од тебе.

3. Кога бесот врие, мисли на последиците.

4. Кога ќе стане очигледно дека целите се недостижни, не менувај ги целите, туку чекорите што ги преземаш.

5. Ако мразиш некого, таа личност веќе те поразила.

6. Она што супериорниот човек го бара во себе, тоа малиот човек го бара во другите.

7. Каде и да одиш, оди со сето свое срце.

8. Дајте им упатства само на оние што трагаат по знаење откако го откриле своето незнаење.

9. Гледањето во малите предности ги спречува поголемите задачи да бидат завршени.

10. Ако ве озборуваат зад грб, тоа значи дека сте пред нив.