Наташа Беквалац по турбулентниот период во приватниот живот, кој се’ уште не е готов, земајќи предвид дека судскиот спор меѓу неа и сопругот Лука Лазукиќ штотуку почна, доживеа вистинско изненадување на првиот настап по пауза од една година.
“Моја убава Наташа. Вечерва дојдов од Виена само заради тебе. Дојдов од Виена, но немам храброст да ти се приближам. Ти си силна жена. Ти си универзум, сонце, месечина, облаци. Силна жена си и ти се восхитувам. Од музиката немаше да ме слушнеш, затоа ти го напишав ова писмо. Знам дека ќе реагираш. Ќе ти го оставам мојот број и ќе чекам. Јас ќе те зашитам. Ќе те чувам и ќе те сакам, ветувам“, пишува во писмото што пејачката го прими за време на настапот на познат белградски сплав.
Обожавателот го оставил и бројот на телефон, а од другата страна во срце напишал: „Иван. Јас не сум кој било.“ Останува да видиме како ќе реагира Наташа на оваа понуда.