Четири родилки од Дебар заедно со нивните сопрузи, на нотар дале изјави дека во приватната ординација на директорот на струшката болница и гинеколог, доктор Мухамед Асани, им била следена бременоста во различни периоди од минатото, дознава „Слободен печат“.
Нотарските изјави кои што ги добивме и во нашата редакција на „Слободен печат“., се дадени да послужат пред истражните органи, откако Државниот санитарен и здравствен инспекторат минатата недела влезе во куќата на докторот каде што пронајде комплетно опремена гинеколошка ординација без документи, за која што доктор Асани тврдел дека ја поседува, но во неа не прегледува.
Бидејќи не биле затечени пациенти ниту медицински кадар вработен во оваа ординација, ДСЗИ не може да потврди дека во оваа ординација лекарот прегледувал и лечел. Меѓутоа, нотарските изјави фрлаат ново светло на целата ситуација. Една од нив се однесува и на период пред седум години, односно следена бременост во ординацијата според изјавата била во 2012/2013 година.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












