Чарли Шин – познатата телевизиска ѕвезда тврди дека не може да плаќа алиментација за своите четири деца, а магазинот “People” успеа да дојде во посед на судската документација и неговото барање за модифицирање на плаќањето.
52-годишниот актер кој што има две ќерки со Денис Ричардс и два сина со Брук Милер, тврди дека не може да ја плаќа месечната алиментација затоа што „не може да пронајде редовна работа затоа што завршил на црната листа во многу аспекти од забавната индустрија“.
Актерот тврди дека „значајно намалување на приходите“ и пати од „страшна финансиска криза“. Шин кој се проценува дека „тежи“ нешто помалку од 10 милиони долари, открил дека не може да им исплати неколку долгови на своите поранешни партнери кои што сега се дел од неговото минато.
Чарли Шин исто така има уште една, 33-годишна ќерка, Касандра Жаде Естевес од неговата врска со средношколската љубов Паула Сперт.
Актерот кој што доаѓа од холивудско семејство, во 2010-та година беше најплатената телевизиска ѕвезда на светот. Тогаш тој заработувал вртоглави 1,8 милиони долари по епизода од популарната серија „Два и пол мажи“.
Набрзо потоа, Шин заработи отказ откако јавно го навреди креаторот на серијата Чак Лори, па набрзо беше заменет со Ештон Качер.
„Ние всушност се немаме слушнато подолго време“, призна таа и додаде: „Но, секогаш му посакувам се најдобро и се надевам дека е добро. Тој е многу, многу великодушен актер и кон мене секогаш беше љубезен“.
Чарли Шин во јавноста призна дека е ХИВ позитивен во 2015-та година.