Многу скоро метар квадратен ќе се продава и по 1400 – 1500 евра за квадрат. Цените на становите растат и во услови на најтешка економнска криза по Втората светска војна. Сега во поатрактивните скопски општини, како Карпош и Центар, цената на квадрат надминува 1250 евра, но познавачите велат дека трендот нема да запре.
Друга причина што цените на становите растат во услови кога економијата паѓа е тоа што се зголемува цената на градежните материјали, но дел од причините градежниците ги лоцираат и во психологијата. За луѓето, недвижностите се сигурна инвестиција.
Според податоците на Народна банка во вториот квартал од оваа година цената на становите пораснала за 2,3% што е една од повисоките стапки во послендите неколку години. Според Катастар пак на пазарот има над 6000 непродадени и двојно повеќе станови во градба.