Натпреварот во забивање кој се случи синоќа на крајот од вечерта, ги исполни сите очекувања. Без дискусија најатрактивниот дел од Саботната вечер во склоп на All Star викендот кој годинава се одржува во Чикаго. Четворицата натпреварувачи не разочараа, напротив приредија вистински магична претстава. Во големото финале Aaron Gordon (од Орландо) се соочи со “летачкиот” Derrick Јоnes Junior (од Мајами). Во дуелот на експлозивните крила од Флорида, на крајот, трофејот замина во рацете на “Airplane Mode” Jones. За многумина ова е втор пат како Aaron Gordon подеднакво го заслужува трофејот, а оние поострите сметаат дека по втор пат е “ограбен”. Како и да е, бевме сведоци на фантастично забавен натпревар, исполнет со моменти кој оставаат без здив. Уживајте….
NBA FAN
Димитар Младеновски