Бугарите пробаа и Тоше да го „воскреснат“, ама… еден е ангелот! (ВИДЕО)

159

Јазикот, идентитетот, нацијата, историјата… има ли уште нешто наше што би сакале источните соседи да е нивно, да го присвојат? Има… Бугарите се обидоа дури и Тоше Проески да го „воскреснат“… во нивна верзија! Шегата настрана, иако многумина би сакале да се како него, не само во Бугарија, засега никој не успева ниту да му се приближи, зашто Тоше е еден и единствен!

Сепак популарниот бугарски пејач Фики Стораро кој е е учесник во познатото шоу „Твоето лице звучи познато“ кое  во соседна Бугарија оди под наслов “Като две капки вода”, ја презеде таа тешка улога, да влезе во ликот на Тоше.

Имено, во едно од изданијата на шоуто, пејачот се стави во улогата на нашата музичка легенда, обидувајќи се да го имитира Тоше. Шминкерите, фризерите, маскерите, костимографите… рака на срце беспрекорно си ја завршиле својата работа, па Фики беше стокмен да наликува на македонскиот ангел. До душа, можеби не одбрал најсоодветна песна, зашто се нафатил да  ја  исполни песната „Несаница”,  која баш и не го отсликува вистинското светло на Тоше, зашто како филмска тема и песна која многу му се допадна, тој  ја стави и испеа само како кавер на својот последен албум.

Нејсе, Фики се решил за неа и ликот на Тоше во што донекаде успеа со имитацијата, па победи во таа емисија, арно ама… Пејачот и покрај покажаниот талент и вокалните способности, достојни и доволни  за победа, иако често пати самиот спомнувал во своите интервјуа дека Тоше му е омилен пејач и за него убавата песна не познава граница, ниту пак нација, сепак далеку од тоа дека успеа да го „воскресне“ македонскиот музички ангел на сцената.

Колку и да се трудел и обидувал со својот тим вокално и физички да направат тој да заличи на Тоше, има нешто што многу му недостасува. Онаа харизма, онаа аура што Тоше ја имаше и ширеше во вид на позитивна енергија околу себе, онаа експресија и вдахната душа во песните, никој не може да ја повтори. Зашто, некои работи ниту се учат, ниту се прават и создаваат… Едноставно, од Бога се дадени! А Бог ги дарува со таква дарба, само посебните… како што беше Тоше!

Погледнете го видеото со имитацијата на Тоше, на бугарскиот пејач Фики во шоуто „Како две капки вода“: