Британската ѕвезда тврди: Ми уништи деценија од кариерата

358

Британската актерка и ѕвезда на “Game of Thrones”, Лена Хеди рекла дека студиото “Miramax” не и давало улоги поради тоа што одбила да има сексуални односи со холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн.

“Откако беше откриен, почнав да размислувам. Можеби тоа што не бев со него влијаеше на деценија од мојата работа. Затоа што пред овие инциденти работев на два проекти за Miramax, а после тоа ништо”, рекла Хеди, пренесува “Independent”. 

Вајнштајн го обвиниле голем број на жени за силување и сексуално вознемирување.

Британската ѕвезда претходно зборувала и за своите искуства со Вајнштајн, како и многу други јавни личност, но тој ги негирал сите обвиненија.

Хеди рекла дека Вајнштајн прв пат го сретнала на филмскиот фестивал во Венеција во 2005-та година, кога, откако ја одвел на прошетка покрај вода, “направил сугестивен коментар и гест”.

Рекла дека неколку години подоцна го сретнала во Лос Анџелес, тврдејќи дека цело време и поставувал прашања за љубовниот живот.

“Не ме интересира ништо друго освен работа, немојте да мислите дека со вас влегов во лифтот од некоја други причина”, ја раскажала таа сцената кога Вајнштајн ја повикал во својата хотелска соба да и покаже сценарио.

Тврди дека подоцна и шепнал “на никого да не зборува за тоа”.