Изнемоштен коњ кој влечeјќи запрежна кола, колабирал на улицата меѓу Тутунскиот комбинат и полициската станица Пролет во Скопје.
Според очевидци, коњот и натаму дава знаци на живот, иако лежи на асфалтот и не може да стане. Неколку луѓе присутни на местото на настанот се обидуваат да му помогнат на изнемоштеното животно, но тоа нема сили да се исправи.
Ваквата глетка станува се почеста слика во главниот град, а многу активисти за заштита на животните бараат од властите да преземат мерки кон оние кои нехумано постапуваат и ги измачуваат животните. Активистите апелираат општините и Град Скопје да овозможат субвенционирање на мотоцикли за транспорт на стока и материјали, а на сметка на тоа да се забрани употребата на коњи за овие потреби.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























