Уругвај излегува ослабен против Франција за место во полуфиналето на СП

863

Репрезентациите на Франција и Уругвај ќе го дефинираат првиот полуфиналист на СП 2018 денеска од 16 часот на стадионот во Нижни Новгород.

На хартија, Франција е фаворит против Уругвај, иако се соочува со тешкотии против овој ривал на историски план.

Двата тима излегоа од групата без пораз. Во осминафиналето Франција ја елиминираше Аргентина со 4: 3 по импресивен натпревар во кој Килијан Мбапе постигна два гола. „Петлите“ покажуваат тренд на подобрување на презентацијата со секој изминат натпревар на првенството и гледаат со оптимизам пред четвртфиналето.

Уругвај, пак, го елиминира европскиот шампион во Португалија со 2:1, а голот на Пепе е единствениот примен од страна на „урусите“ на Светското првенство.

Против солидната одбрана на јужноамериканците овој пат сепак ќе се соочи впечатливото офанзивно трио Антоан Глизман – Оливие Жиру – Килијан Мбапе.

Јужноамериканците претрпеа тежок удар откако го загубија напаѓачот Единсон Кавани поради повреда. Сепак, тој има минимална шанса да се појави во игра. Поверојатно е сепак од првата минута, партнер во нападот на Луис Суарез да биде поранешниот напаѓач на Мидлзборо – Кристијан Стуани.

Проблемите со кои се соочува Дидие Дешан се поврзани со казните на Блејз Матуиди, и се очекува место него да го игра Коренетен Толисо.

И двете екипи се соочуваат меѓу себе во завршницата на СП по четврти пат во својата историја, но за прв пат ова се случува во фазата на елиминации.

Последните два натпревари беа во 2002 и 2010 година, и двете завршија со 0:0. Единствената победа на Уругвај во официјален натпревар е 1966, кога јужноамериканците победија со 2:1. Во 2013 година, двете екипи играа контролен натпревар во Монтевидео, во кој победија домаќините со 1:0.

Франција, исто така постигна успех против Уругвај во пријателски меч – 2:0 во далечната 1985 година.