Турција има ново моќно летало: Ердоган со гордост го претставил домашниот воен хеликоптер “Гокбеј”, кој е меѓу најдобрите на пазарот

473

Реџеп Тајип Ердоган издал наредба за раководството на сите турски одбранбени институции без некоја поголема потреба да не увезуваат никакви странски производи.

“Турција може да ги развие и да ги задоволи сите стратешки потреби на одбранбената индустрија и нема да сопреме додека не го постигнеме тоа. “Касирга”, “Бора”, “Сом” и слични ракети влегуваат во фаза на сериско производство, а работиме и на нови модели. Ќе направиме голем исчекор кога станува збор за ракетите со долг дострел. Завршени се тестирањата во рамките на тој проект кој ќе ја однесе Турција една лига погоре”, порачал Ердоган.

Ердоган денес открил дека новиот турски воен хеликоптер за општа намена ќе го носи името “Гокбеј”.

Турската индустрија за авијација и вселена – “TUSAS”, денес го претставила турскиот воен хеликоптер T615, кој го добил новото име “Гокбеј”.

Станува збор за хеликоптер кој на 6-ти септември ги извел првите летови. Новиот хеликоптер произведен е со капацитетите на “TUSAS” со поддршка од министерството за одбрана.

Во текот на успешниот пробен лет, пилотите извеле маневри кои тој хеликоптер го вбројуваат во редот на престижните летала од тој вид на меѓународни рамки.

Тоа е повеќенаменски хеликоптер, кој може да се користи во воени и цивилни цели.

Хеликоптерот е меѓу најдобрите на пазарот, посебно затоа што има способност за брзи и ефикасни полетувања, маневри за спуштање на високи надморски висини и температури, без разлика на временските услови и конфигурацијата на теренот.

Во наредната фаза новопроизведениот хеликоптер треба да мине низ процедури за сертификација и квалификација, а предвидено е најдоцна за две години да се најде во употреба. “TUSAS” и претходно го ставил својот потпис на големи проекти како беспилотните летала “АНКА” и хеликоптерот “АТАК”.