Звучи како големо изненадување, но поранешниот европски првак Милан е заинтересиран за ангажирање на македонскиот интернационалец Александар Трајковски. Според информациите на престижниот новинар Алфредо Падула, „росонерите“ се подготвуваат да испратат понуда за Македонецот кој е слободен фудбалер по распадот на Палермо.
Милан има две слободни места за фудбалери надвор од европската унија, а ако го ангажира Трајковски, може да добие повластена позиција на пазарот при наредните прозорци во преодниот рок. Сепак, Педула напоменува дека Спортинг, кој веќе понудил четиригодишен договор, е во предност во обидот да потпише со Трајковски.
Клубот на Стефан Ристовски го гледа скопјанецот како добра замена за Бруно Фернандез, фудбалер за кого има голем интерес од Премиер лигата. 27-годишниот Трајковски е баран за „чизмата“ и нема да биде изненадување да добие уште некоја понуда.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















