ВМРО-ДПМНЕ продолжува со протести за цената на електричната енергија, кои ќе се одржат денеска пред Регулаторната комисија со почеток во 14 часот.
Како што најави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, еден час со автомобили ќе ги блокираат раскрсницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.
„Протестот ќе почне пред ‘Палома бјанка’. Овој протест е насочен кон Владата и мафијата. Поскапата струја значи посиромашен народ“, изјави Јанушев.
ВМРО-ДПМНЕ ги почна протестите во средата. Партискиот лидер Христијан Мицкоски од протестот упати три барања до Владата, на кои рече дека треба да одговорат во наредните денови: враќање на старата цена на струјата преку намалување на тарифата на универзалниот снабдувач; викенд без ДДВ во септември, како што било ветено пред изборите; професионализација на Регулаторната комисија за енергетика со натпартиски кадри.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















