Бокс Корнер со Димитар Младеновски-Tyson Fury со лавовско срце до нова победа (ВИДЕО)

161

Tyson Fury “преживеа” тешки 12 рунди и успеа да го победи релативно непознатиот Швеѓанец Otto Wallin во Саботата навечер. Присутните на овој дуел во Лас Вегас беа сведоци на интересна борба во која повторно можеа да се уверат во храброста и издржливост на  “The Gipsy King”. Во третата рунда Fury прими силен удар и заработи двојна исеченица над десното око, која од рунда во рунда стануваше се поголема. Од тогаш па се до крајот на борбата беше очигледно колку повредата му претставуваше проблем, но на крајот стигна до својата 29 професионална победа во 30 професионални борби.

Докторите покрај рингот во шестата рунда го проверија окото на Англичанецот и дозволија мечот да продолжи одкако се уверија дека нема проблем со видот. По проверката Fury ја превзеде контролата до самиот крај. По мечот, тој веднаш се сврте кон можниот ри-меч со Deontay Wilder. Fury и Wilder имаа контоверзен меч во Декември 2018 година во Лас Вегас. Од рингот и двајцата излегоа како непоразени борци по одлуката на судиите за нерешен резултат по крајот на 12-тата рунда. Fury во тој меч беше нокаутиран во последната рунда но на изненадување на целиот боксерски аудиториум успеа да се исправи и да го заврши мечот, во кој реално го надмудри големиот Американски “бомбардер”. Од тогаш па наваму Fury веќе има две победи, над Tom Schwarz и оваа над Otto Wallin а во најава е дека во Февруари 2020 ке се случи толку очекуванит реванш со Wilder.

“Добив расекотина рано во мечот и ме нервираше цело време. Но јас сум “цигански воин” а денес е ден на независноста на Мексико. Да живее Мексико! Се работи за срце и постојаност. Денеска бев подобар борец. Добив 12 рунди против силниот Швеѓанец, големиот викинг Ото. Честитки за неговата желба и издржливост. Сакам да поминам време со моето семејство а потоа целта ми е да го “згазам” Деонтеј Вајлдер во реваншот.” – изјави Fury веднаш по борбата.

Ова беше 5-ти меч на Tyson Fury по двегодишната пауза одкако стана апсолутен светски шампион во тешка категорија. По “come back”-oт е  непоразен со 4 побееди и едно реми. Со нетрпени ке ја очекуваме неговата следна борба а до тогаш уживајте во неговата последна крвава битка.

Димитар Младеновски

 

loading...