Гервонта “Тенк” Дејвис e дефиниција дека опасно оружје може да дојде во мали пакувања. Висок едвај 166 сантиметри, овој 26 годишен воин од Балтимор (Мериленд) од меч во меч покажува дека сме сведоци на нешто специјално. Експлозивност и моќ, разорен аперкат и подеднаква опасност со двете раце. Страотна брзина и дисциплина, налик на својот ментор (непоразениот апсолутен шампион) Флојд Мејведер.
Дури 95% од досегашните борби Дејвис ги завршуваше со нокаутирање на противникот. Најчесто неговите борби траат најмногу 2 рунди! Во својата досегашна професионална кариера e непоразен. Извојува 24 победи по ред, од кој 23 се со нокаут завршница.
По падот на Ломаченко и Фармер ланската година, во моментов токму Дејвис и (неговиот сонародник) Теофимо Лопез се сметаат за најдобри боксери во својата дивизија. Во последно време, средната категорија добива сериозна медиумска покриеност. “Куршумот од Балтимор” е лидер на својата генерација.
Надимакот “куршум” го доби од боксерските коментатори кој го претставуваат како боксер кој е толку брз што доколку трепнете ке пропуштите нешто. Во прилог следува видео со најимпресивните “нок-аути” на “Тенк” во досегашната кариера. Уживајте…
Димитар Младеновски