Хрватска и светот два дена гледаат потресни фотографии и снимки од уништената Петриња по катастрофалниот земјотрес, а државата прогласи Ден на жалост на 2 јануари во чест на седумте жртви.
Во вторникот во 12:19 часот градот го погоди земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, и бидејќи во тој момент беа вклучени камерите на телевизиските екипи во градот поради претходниот земјотрес, беа снимени застрашувачки моменти.

Снимките од уништениот град, но и од уништената Глина и Сисак и околината на тие градови растажија многумина.

Улиците на Петриња денеска се расчистени, иако урнатите куќи се сè уште таму. Во меѓувреме, електричната енергија се врати во градот, а божиќните украси блеснаа во централниот градски парк.

Иако никој не сака да слави во овој момент, контрастот помеѓу разурнатиот град и уредениот парк ја враќа надежта за некои од следните, посреќни Божиќни и новогодишни празници, објави хрватски Индекс.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















