Голема тага во родното место на осуммината трагично настрадани за време на новогодишната
ноќ.
Тагува цела Босна и Херцеговина, тагува целиот регион.
Згаснаа животите на 8 млади луѓе, другари, сите родени 2001 година .
Имаа само 19 години.
Медиуми од Босна и Херцеговина ги објавија нивните фотографии. Сите на прагот на
животот. Некои на крајот од средното училиште, некои прва година на факултет.
Починаа од загушување со плин кој се користел во викендичката за осветлување.
Животот го изгубија:
Иван Миличевиќ, Стипе Ромиќ, Мирела Резо, Жана Павковиќ, Миа Солдо, Стипе Павковиќ,
Марија Павковиќ и Стјепан Јукиќ, сите родени 2001 година.
Во херцеговачкиот регион е прогласена тридневна жалост.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















