Поради дефицит на компири, Мекдоналдс донесе тешка одлука во Јапонија

124

Најголемиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ воведе строги мерки за штедење помфрит во рестораните низ Јапонија поради нарушување на глобалните синџири за трговија со компир.

Јапонците до идната година ќе може да нарачуваат само мали порции помфрит, со надеж дека ќе биде изнајден алтернативен начин на достава на компир.

„Мекдоналдс“ ги испраќа компирите до Јапонија преку пристаништето кај Ванкувер, но доставувањето доцни поради слабиот род и неодамнешните поплави на западниот брег на Америка. Компирите до Јапонија ќе бидат доставувани со авион.

И во 2014 година имаше криза со помфритите поради штрајкот на вработените во 29 пристаништа низ САД. И тогаш „Мекдоналдс“ продаваше само мали порции во Јапонија, додека со авион не стигнаа пратки од 1.000 тони компир.