Бојан Јовановски, контроверзниот лик познат како Боки 13, кој во последно време е актуелен како осомничен во случајот „Рекет“, во едно интервју за емисијата „Еден на еден“ изјавил дека за она што треба да го сработи, или наплаќа многу или работи за џабе, бидејќи не сакал да се пазари и некој да му ја потценува вредноста. Во ова интервју тој признава дека наплатил 200.000 евра за 4 месеци за турнеја во Србија и додава дека најмногу заработил од оние што со потсмев го нарекувале педер и зборувале „Види го, педер“.
„Ако некој нема да ме плати, му кажувам немој да ми ја потценуваш вредноста, или плати ме како што треба или ќе ти работам за џабе. Најмногу сум наплатил од оние што ми се смееле и ми викале ‘Види го, педер’. Генерално сме сеирџиски народ и ако не знаеш да му пласираш шоу на народот, поарно седи си дома“, вели Боки 13 во ова интервју, кое одеше во етерот пред 2 години.