Нашиот предлог е штом попуштат мерките да го посетите домот Паразит и Гангнама, светскиот центар за кој би можело да се каже дека со години е пред останатиот дел од метрполите во планетата…
Размислувате ли за патување во Јужна Кореја, тогаш треба задолжително да го прочитате овој текст кој што ќе ја зголеми вашата желба да го направите тоа и да купите авионска карта.
Ќе ви прикажеме неколку причини зошто треба да се одлучите да патувате во Сеул.
Речиси сè работи 24 часа
Во овој град никогаш нема да ви биде здодевно. Зошто? Затоа што таму сè работи 24 часа. Тука спаѓаат рестораните, кафулињата, баровите, спа центрите, па дури и шопинг центрите.
Во рестораните никогаш нема да ви биде ладно
Рестораните во Сеул се познати по тоа што секогаш ќе седите на столици кои што се ниски, но за тоа постои причина. Нема да добиете ниту стол, туку ќе мора да седнете на под. Причината за тоа е тоа што во традиционалните ресторани подот секогаш е топол, па поради тоа и вас секогаш ќе ви биде топло.
Алкохол поевтин од вода
Жителите на Сеул се големи обожаватели на алкохол кој што се нарекува Соја. Пијалакот е со неутрален вкус и потсетува на вотка, но сепак не е толку многу јако. Од истиот може да најдете многу варијанти, со 16 отсто алкохол до 58 отсто алкохол, а интересно е тоа што овој пијалак е поевтин од вода.