Бојана Нушкова е девојка од соништата: Македонскиот фотомодел кој го освојува Балканот е пеколно жешка! (ФОТО)

447

Велат добрите гени се доволни за прекрасен изглед! Наследство од родителите кое прави да се вртат по вас, а вие со својата појава да им го одземате здивот на сите околу вас, секаде каде што ќе се појавите. Ако на сето тоа го додадете практикувањето на оние навики што вам ви одговараат, како што се здравата исхрана, редовниот сон и комбинацијата од постојано вежбање и правилна нега, станувате убавица на која никој не може да и одолее. Девојка од соништата, на која дамите и завидуваат, а по која машките воздивнуваат и сонуваат.

Крупни зелени очи, долга костенлива коса, вита става на која никој не може да остане рамнодушен и долги нозе „уз врат“, како заштитен знак. Ако на сето ова му ги придодадете убавите природни гради и извајаниот заоблен задник, ги добивате одликите на Бојана Нушкова – новата Македонка од соништата, која полека но сигурно и ја (у)краде славата на Катарина Ивановска, сега веќе зрела жена и мајка на две деца, а претендира тоа да го стори и со уште многу други познати убавици од регионот.

Македонската убавица која како да е  симната од насловниците на светските модни часописи, ги има сите предиспозиции и телесни адути за свeтска слава на модните писти!

Бојана полека тоа и го остварува, освојувајќи ги најпрвин регионалните и балканските модни центри како што се Белград или Истанбул каде што во моментов таа престојува веќе еден месец.

Претходно долгоногата манекенка имаше модни ангажмани, а направи и неколку фотосеријали во српската престолнина, која секако важи и за модна метропола не само во регионот туку и на Балканот.

Она што мајката природа го дала и со што ја надарила, Бојана никогаш не го ни криела, па својот телесен раскош обилно го користи и истакнува како свој адут за просперитет во манекенската професија и кариерата на интернеционален топ модел, кој веќе го има во каталозите на најпознатите балкански модни агенции.

Позирањето и разголувањето одат некако рака под рака, без оглед дали се работи за чисто уметничка фотографија или е во прашање рекламно-моден едиторијал, голото женско тело и острото око на фотографот низ кадарот на фотообјективот се секогаш во симбиоза, во интересен уметнички спој, за што поизразен еротски набој!

Особено кога се рекламира долна облека, како што тоа Бојана меѓудругото го направила во една од своите последни рекламни фотосесии. Секси танга гаќички, градници, халтери, црна или бела тантела…

Што и да носи на себе, долгоногата македонска убавица ја буди волшебната игра на сите сетила.

Зашто минијатурните парчиња долна облека само уште повеќе ги разгоруваат мечтите, ја будат страста, ги засилуваат копнежите, ги поттикнуваат желбите…

А таа сето тоа го потенцира толку смело на своето разголено, извајано женско тело, што ако сте вистински маж, навистина тешко ќе можете да и одолеете… На долната облека што ја рекламира, се разбира, па ќе побрзате да ја набавите за вам драгата личност, која едвај ќе чекате да ја облече, за да видите дали и неа и прилега како на Бојана?!

Зашто, долгоногата македонслка убавица, идната кралица на балканските модни писти е веќе „резервирана“… За нејзиниот „ѕвер“, се разбира!