Своето преминување во ислам во Мелајска џамија, јавно пред присутни сведоци и имамот на истата џамија, го потврдиле четири члена од семејството Новаковиќ од Белград, пишува „sandzakprees“.
Брачниот пар Бојан и Наташа со синовите Филип и Огнен шехадетот го кажале пред имамот Асмир еф. Црновршанин.

После прифаќањето на исламот брачната двојка ги зела имињата Исмаил и Едина, додека децата ги добиле имињата Есад и Хамса.
Имамот изјавил дека ова не е прв случај и се надева дека ќе има уште многумина кои ќе ја прифатат вистинската вера. После прифаќањето на верата следувала и шеријатска венчавка.

Луѓето кои ќе се одлучат да станат муслимани мораат да го изговорат шехадетот на арапски јазик, а се препорачува да го изговорат и на својот мајчин јазик, пред некој овластен имам, или муслиман со најмалце двајца сведоци.
После тоа, лицето се здобива со целосно право да се нарекува муслиман.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















