“Бјути бар” совети: НЕ за зимски сон на косата!

1672

Секое годишно време има свои правила за нега на косата, без разлика дали е боена или не, кратка или долга, кадрава или права. Во зимски услови косата почесто ја сушиме со фен, носиме капи, изложена е на топол воздух во загреани простории, а надвор на ветер и студ.

За нашата коса да не го изгуби сјајот во зима, да не ѝ се уништуваат краевите и за фризурата да изгледа убаво и на студено и на влажно време, треба да се придржуваме до некои основни правила, советува Сања Несторовска од салонот за убавина и нега “Бјути бар”. 

Фризура: Ако често носите капи и се нервирате што ви ја расипуваат фризурата, посоветувајте се со фризерот каква фризура би ви стоела, а да не се расипува од капата и променете ја во овој период од годината. На пример, ако сакате права коса, а природно ви е кадрава, имајте на ум дека косата на влажно време дополнително се витка, па ќе мора да ја исправувате повеќе од обично. Можеби за вас е добро решение во зима да ги оставите кадриците.

Шишање: Најдобра фризура е кога косата е добро шишана, затоа изберете фризер кој е мајстор на својот занает. Златно правило е краевите на косата да се скратуваат на секои три месеци, па немојте да чекате да се расцветаат, туку сторете го тоа навреме. Здравите краеви се многу важни за општ впечаток.

Хидратација: Задолжително во зима хидрирајте ја косата со препарати кои можете да ги купите во аптека и маркети (серуми, пакувања, маски, спрејови) или со смеша која сами сте ја направиле. Изматете маска од едно јајце, две лажици маслиново масло и сок од еден лимон, нанесете на влажна коса, па замотајте ја со пластична кеса преку која сте ставиле крпа и држете 45 минути, потоа исплакнете ја, измијте ја со шампон и нанесете регенератор.

Наелектризирана коса: Во зима косата често е наелектризирана, а за да го избегнете тоа,  би требало да се чешлате со четка од природни влакна, да ја миете косата со нежни шампони кои не ја сушат, користете регенератор после миење, носете капи од природни влакна кои не ја стегаат главата.

Важно: Доколку сакате вашата коса да биде негувана и во зима, тогаш “Бјути бар” е вистинското решение за Вас!

Советува: Сања Несторовска од “Бјути Бар”