Романските власти соопштија дека авион на комапнијата „Визер“, која летал од Грузија за Полска, бил принуден да слета на аеродромот во Букурешт поради закана за бомба.
Авионот „ербас А320“ на линијата Кутаиси-Варшава безбедно слетал откако бил пренасочен за Романија, пренесе АП.
Портпаролот на Меѓународниот аеродром во романската престолнина, Валентин Јордаке рекол дека, откако го напуштиле леталото 173-те патници, авионот го однеле на изолирана локација на писта, каде е извршена проверка и скенирање на делот за багажот.
Авионот полетал пет часа подоцна за Варшава, откако романските власти ја завршиле проверката. Јордаке рекол дека заканата за бомба на Меѓународниот аеродром во Кутаиси, телефонски ја упатил женски глас.