Одбројувањето веќе започна а се што треба да направите е да уживате во празничната атмосфера. Сигурно веќе рaзмислувате и планирате што ќе облечете за новогодишната ноќ, а ништо друго не го прави стајлингот по комплетен од добра шик фризура која ќе го задржи сечие внимание. Во соработка со салонот за убавина и нега „Бјути бар“ ги претставуваме најубавите и најуникатни трендови на фризури кои ќе направат да изгледате прекрасно во секој поглед.
За долга коса:
Доколку имате долга, убава и квалитетна коса, одлично ќе изгледаат лелеави локни. Не стравувајте да ја пуштите косата. Пунџата не е секогаш најдобро решение.
Можете да направите и лежерна плетенка. Ако сакате да го откриете лицето, тогаш и „полу-фатена“ фризура е добро решение.

Можеби и најчестата должина на коса, која не секогаш е лесно да се стилизира. Ниска пунџа е една од најактуелните опции, додека за оние што се стремат кон лежерен изглед, нежни локни, полукрената коса во комбинација со „неуредни“ плетенки се првиот избор.

Иако е мошне популарна, ретко кој е храбар да се одлучи за кратка фризура. Сепак, ако имате кратка коса, не грижете се. И вие можете да постигнете и тренди и елегантен изглед. Ако имате боб-фризура, тогаш можете едната страна да ја соберете наназад и да ставите интересен украс. Лелеавите локни се добредојдени, а можете и да ја соберете во неформална фризура доколку сакате лежерен изглед.

















![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)






















