Наташа Беквалац е една од најдобро стилизираните пејачки во регионот – секогаш е беспрекорно дотерана и има специфичен, елегантен и женствен стил, а не е тајна дека за тоа е задолжена нејзината сестра Кристина Беквалац.
Имено, Кристина е стилист на Наташа, а покрај сестра и облекува и уште неколку српски убавици од светот на шоубизнисот, а се занимава и со дизајнирање на облека.
Инаку, сестрите Беквалац се неразделни, а освен што соработуваат, исто така и заедно патуваат и го минуваат слободното време со децата.
Неодамна Наташа и Кристина се пошегуваа на социјалните мрежи, а нивната преписка ги насмеа фановите. Имено, некој од нив ја праша Кристина како би се облекувала Наташа доколку неа ја нема, а таа реши да се пошегува на сметка на постарата сестра и објави фотографија од девојка која што е вулгарно и кич облечена и напиша: „Вака некако“.
Наташа веднаш и возврати и направи репост на нејзината стори приказна и напиша:
Колку си јадна и злобна, јас никогаш тебе вака не би те предала“.
Извор: Стори. рс















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























