Родила бебе тешко скоро 6 килограми

84

Амбер Кумберланд се изненадила кога после 20 часа породување го видела своето дете. Таа родила девојче тешко 5.840 грама.

Емилиа се родила на 16 април, а докторите дури помислиле дека Амбер носи две бебиња. Сепак наместо две бебиња, го породиле второто најголемо бебе во Велика Британија.
Рекордот го држи дете родено во 2012 година кое тежело 6.463 грама.

Бебето беше толку големо што тешко можеа да го видат целото со една ултразвучна сонда. Затоа се посомневаа дека носам близнаци. Имав огромен стомак, сите го коментираа по
улица. Кога се породив, на лицата на партнерот и докторите можев да видам дека се шокирани, а потоа сите почнаа да се смеат, раскажува мајката за британските медиуми.