Бизарниот проблем кој Рафа Надал го имал по финалето на УС ОПЕН

540

Рафаел Надал успеа да го освои по четврти пат УС ОПЕН за своја 19 титула на Гренд Слем турнирите.

А околу тоа колку само бил заморен Рафаел Надал од финалниот меч, зборува и неговиот сегашен тренер Карлос Моја.

Тој раскажа една бизарна случка по финалето во Њујорк пред неколку дена.

Тоа беше неверојатна ментална битка на двајца силни тенисери. Како вистински боксерски меч. По мечот Рафаел неможеше да ги облече сопствените фармерки, беше преморен, па морав да му помогнам. Беше скоро мртов“, раскажа сликовито Карлос Моја во интервју за Кадена Сер.