ЕП ќе се игра со публика, а еве од кога можете да купите билети за Македонија

80

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) и официјално потврди дека претстојното Европско првенство ќе се игра со присуство на публика.

Во овој момент дури осум градови домаќини потврдија дека ќе ги отворат вратите за фудбалските фанови. Некои ќе дозволат стадионот да бидат исполнети до 25%, а има и такви каде што трибините ќе бидат исполнети до последно место.

Санкт Петербург потврди 50%, со можност за зголемување на капацитетот до крајот на април, додека Будимпешта има за цел да биде домаќин пред полни трибини, под услов гледачите да ги исполнуваат строгите услови за влез на стадионот.

Градовите каде што ќе игра Македонија, Амстердам и Букурешт, како и Копенхаген и Глазгов најавија капацитет од 25% до 33%, при што Амстердам, Букурешт и Копенхаген ја задржаа можноста за потенцијално зголемување на бројот.

Засега само Минхен, Рим, Билбао и Даблин немаат донесено конечна одлука, но истата ќе мора да ја соопштат до 19 април.

Она што нам најмногу нè засега е ситуацијата во Букурешт, од каде велат дека они кои што ќе имаат билети за натпреварите ќе бидат ослободени од карантин, но ќе треба да презентираат негативен ковид-тест, а во градот ќе може да престојуваат само три дена.

Билетите за ЕУРО 2020 веќе се во продажба, но бидејќи Македонија на овој собир се пласира преку плеј-офот во Лигата на нации, билетите за натпреварите на нашата селекција ќе може да се резервираат од мај.