Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран на одделението за интензивна нега во болница во Калифорнија поради инфекција на уринарниот тракт која се проширила на неговиот крвоток.
„Клинтон прима интравенозна антибиотска терапија. Ќе остане во болница за да се следи неговата состојба“, стои во заедничко соопштение на лекари од Медицинскиот центар УЦ Ирвин и Лиса Бардак, семејната докторка на Клинтон.
Наведено е дека се наоѓа на интензивна нега поради приватност и безбедност, а не затоа што му е навистина потребна. Тој се чувствува добро, разговара со најблиските од семејството и пријателите и шета низ болницата, велат докторите.
„По два дена од лекувањето бројот на неговите бели крвни клетки опаѓа и добро реагира на антибиотици. Се надеваме дека наскоро ќе може да си замине дома“, стои во соопштението.
Клинтон, кој беше во Калифорнија на приватен настан поврзан за неговата фондација, се чувствувал премногу уморно, а во болница бил примен веднаш по тетстирањето.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











