Бил Гејтс: Тие што не носат маски се како нудисти на јавна плажа. Ако не сакаат маски нека седат дома

787

Еден од основачите на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во еден подкаст зборуваше за моменталната состојба во светот. Во интервју со Рашида Џонс тој го спореди носењето маска со носење панталони.

Како што нагласи, првите препораки во врска со вирусот корона беа исти како и за другите респираторни заболувања, но се покажа дека ковид-19 е многу поопасен.

На места каде маските се задолжителни, бројот на заразените лица паѓа, па според една од студиите, носењето маски до март 2021 година би спречило смрт на повеќе од 63 000 Американци.

Сепак, многу граѓани на САД го претворија одбивањето да носат маски во политичка изјава против науката и гест на независен избор, верува Гејтс, објаснувајќи колку за него се несфатливи таквите луѓе.

Самата идеја некој да одбие да носи маска е неверојатно чудна за мене. Кои се тие, некои нудисти? Ние исто така ги замолуваме луѓето да носат панталони, и не се жалат многумина поради тоа. Ако сакате животот да се врати во нормала, носете маска или не носете маска, туку останете дома, рече милијардерот.

Гејтс исто така го изрази своето мислење зошто маските не се сметаа за важни во претходните фази на пандемијата. Како што објасни, научниците ги засновале своите совети на она што го знаат за респираторни вируси како што се настинки и грип.

За разлика од пренесувањето со кашлање, ковид-19 може да се фати од разговор со друга личност. Ако, на пример, некој со настинка помине еден час во соба со здрави луѓе, повеќето ќе останат здрави. Во случајот со ковид-19 – скоро сите би биле заразени, рече тој.

Друг клучен фактор кај ковид-19, смета Гејтс, е можноста за ширење во асимптоматски случаи. Според него, експертите заклучиле дека домашните платнени маски, особено оние со три слоја, спречуваат ширење на инфекцијата.

Во раните фази се сметаше дека само H95 или медицинските маски се ефикасни, па затоа тие беа чувани за здравствените работници. Сега е целосно јасно дека носењето маски има огромно влијание. Има дијаграм што покажува кои маски се најефикасни во различни ситуации, додаде тој.