На ТикТок се појави видео кое воодушеви повеќе од 4 милиони луѓе. Се прикажува трансформацијата на бездомник после шишање и бричење, кои ги добил бесплатно.
„Од бездомник до модел за една минута“, стои во описот на видеото кое собрало 4,3 милиони лајкови.
На снимката се слуша и како берберот му вели дека и тој бил зависник и му ветил дека кога ќе биде самиот спремен на тоа, ќе го однесе на состанок каде што можат да му помогнат да остане трезен.
„Среди го својот живот, брату. Не е предоцна“, му рекол.
Додал дека тој успеал да се среди кога имал 34 години.
„Немав ништо. Ме чекаше апсење, имав 58 килограми и бев навлечен на крек. Во последните 15 години се венчав и имам две мали деца“, додал тој.
Снимката е објавена на каналот „Prophet Muscle“, а екипата во коментари била воодушевена од трансформацијата.
„Само да можам да го прегрнам и да му кажам дека е вреден. Боже, благослови го и направи го полесно неговото патување“, „Неверојатно, изгледа како модел, нека му најде некој агент“, „Ова докажува колку многу значи кога некому ќе покажеш малку добрина и епматија“, биле само дел од коментарите.















![[ВИДЕО] Санти мраз во Њујорк, има мртви](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/lvQFd-nji-jork-depositphotos-21425537-xl-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)











