Ги мрднавме стрелките еден час понапред -Жените најмногу патат од смената на часовникот

205

Летното сметање на времето во Европа почна завчера,  кога стрелките на часовникот ги поместивме за еден час понапред.  Многу студии докажале дека овој принцип му пречи на нашето здравје, особено кога станува збор за хронично болните, па стручњаците советуваат во овој период да ја зголемите грижата за себе. Некои нема да почувствуваат ништо, а дамите, пак, на кои им значи младешкиот изглед и негата на кожата ќе се соочат со една непријатност.

Дерматолозите тврдат дека еден час помалку во кревет влијае на нашиот внатрешен часовник, поради кој кожата почнува побргу да старее.

“Било какво пореметување на нашиот внатрешен ритам има негативни последици, поголеми или помали, а тоа најпрво се гледа на кожата, вели Кендис Браун од угледна лондонска клиника.

Истражувањата покажале и дека нашата кожа има сопствен  ритам по кој функционира и дека постои одредено време кога таа се обновува, обично попладне или нвечер. Кога тоа ќе се поремети со пролетното сметање на времето се случува дисбаланс, па затоа треба да и се помогне.

Се препорачува да направите пилинг на  лицето за да ги отстраните сите мртви ќелии за да кожата почне да сјае со нов сјај. Исто така, нахранете ја кожата со серум од витамин Е и Б и богат хидрантен крем. Тоа би требало да ги ублажи последиците од оваа промена.

Се почесто се споменува дека оваа пракса ќе се укине, но одлуката за тоа е одложена.