Без селфи и социјални мрежи: Кои се кралските правила кои Меган мора да ги почитува?

958

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл е свесна дека со влегувањето во кралското семејство мора да се придржува до кралските обврски и посебните протоколи.

Нејзините кралски обврски се разни – од присуствување на официјални настани до учествување во филантропски проекти, но сето тоа без снимање на селфи фотографии и присуства на социјалните мрежи. Плус – без темен лак на ноктите.

Грант Харолд е поранешен батлер на принцот Чарлс, Вилијам и Хари, а тој за “CNBS” открил какви обврски ја очекуваат Меган Маркл, откога таа стана дел од монархијата.

Моден стил

Откако во ноември беше соопштено дека принцот Хари и Меган се вериле, идната невеста престанала да носи хулахопки, а медиумите многу брзо го забележале тоа.

“Таа тема се споменуваше тие денови, дамите од кралското семејство не смеат да носат хулахопки. Тоа е лесно да се воочи”.

Харолд открил дека природните бои се дозволени за маникир и шминка, додека темните лакови за нокти се големо “не”.

“Важно е да се задржи природниот изглед, ништо што е премногу впечатливо и привлекува внимание”, објаснува тој.

Без социјални мрежи

Како американска актерка, Маркл имала свој личен Инстаграм профил преполн со фотографии во бикини, патувања, домашни миленици и пријатели.

Но, како член на кралското семејство таа не смее повеќе да ги користи социјалните мрежи.

“Не ѝ се потребни блогови, Твитер или било која друга социјална мрежа, затоа што сè може да се презентира пред јавноста по пат на организациите од која Маркл е дел”, објаснува Грант Харолд.

Селфи фотки

Харолд вели дека причината зошто кралското семејство не прави селфи е затоа што тие не се доживуваат себеси како познати личности.

“Тие не се познати личности, истото важи и за автограмите кои тие никогаш не ги даваат. Тоа е сега малку поинакво за Меган – таа припаѓаше на светот на славните, но сега е дел од монархијата”.