Бен Афлек може повторно да заврши на рехабилитација и тоа поради згодната Кубанка со која се неразделни!

101

Сите беа изненадени кога на почетокот од месецот се појавија информации за тоа дека 47-годишниот актер Бен Афлек е повторно заљубен, и тоа во 16 години помладата актерка Ана де Армас, особено поради тоа што „до вчера“ јавно ја молеше поранешната сопруга Џенифер Гарнер да му се врати. Но, изгледа дека Ана толку го „полуде“ што токму поради неа ја заборави некогашната голема љубов и турбулентна врска со атрактивната Џенифер. Сепак, неговите пријатели го предупредуваат дека љубовната приказна со Кубанката нема добро да заврши, пренесува „In Touch“.

Тој мора да успори, инаку ќе има повторно скршено срце, а тоа е последната работа која му треба после се низ што помина во последните неколку години“, изјави извор близок на актерот.

Изворот како аргумент ја наведува љубовната историја на Ана, тврдејќи дека го злоупотребувала секој маж со кој што била досега, сметајќи дека исклучок нема да биде ниту „лабилниот“ Бен.

View this post on Instagram

. انتقادها به «بن افلک» و دوست دخترش «انا د ارماس» به اوج رسیده و اكثر رسانه های معتبر طی چند روز اخیر به اين موضوع اشاره داشتند. . دلیل انتقادها هم بی توجهی «بن افلک» و «انا د ارماس» به ویروس کرونا است! . «بن افلک» 48 ساله و «انا د ارماس» 32 ساله چندین بار در خیابان‌های لس‌آنجلس بدون توجه به همه‌گیری کرونا دیده شدند. پیش تر این دو در کوبا و سواحل کاستاریکا سوژه پاپاراتزی ها شده بودند… Photos via: just jared

A post shared by cinema🎬 (@cinema_movie) on

Ана така делува на мажите. Таа е паметна, згодна и талентирана. Меѓутоа, позната е по тоа дека има обичај да се „сплетка“ со соработниците. Со неа работите можат да се оладат еднакво брзо како што и се загреваат. Напорно работеше за да дојде до таму каде што е денес и кариерата ѝ е на прво место. Доколку го скрши срцето на Бен, тој повторно може да заврши на рехабилитација“, заклучи пријателот на познатиот актер.