Бела Хадид: Можете слободно да ми го скенирате лицето, на мене се е природно!

0
142

Манекенката Бела Хадид изгради успешна кариера благодарение на својата исклучителна убавина и виткото тело. Иако многумина ја обвинуваат дека таа се подложила на пластична хирургија, Бела по којзнае кој пат остро ги демантирала приказните.

Познатата Хадид признала дека дури во 21-вата година стекнала самодоверба, но дека сè уште се бори со гласините поврзани за естетската хирургија.

“Луѓето мислат дека сум прошла низ разни операции, но знаете што? Можете да ми го скенирате лицето. Ужасно се плашам од ставање на филери во усните. Никогаш не би си “поиграла” со лицето на тој начин”, изјавила Бела за списанието “InStyle”.

Хадид исто така признала дека во текот на адолесцентските денови била многу несигурна во себе и својот изглед – сметала дека има прешироки колкови, се чувствувала дебело и своето лице го сметала за чудно.

Сепак, станувало збор само за криза на идентитетот која е својствена за тинејџерките бидејќи Бела изминатата година, благодарение на својот изглед, заработила дури 4,5 милиони фунти, што доволно зборува дека нејзиниот изглед е прифатен во светот на модната индустрија.

Откако манекенката го изјавила ова во интервјуто, на Твитер се појавиле бројни колаж фотографии на кои корисниците на интернетот го споредиле нејзиниот сегашен изглед со тој од пред само неколку години.